За Фестивалот

Локум фест-музика и традиција е автентична културно-туристичка манифестација која постои од 2007 година. Основач и организатор на фестивалот  е Здужението на граѓани – Центарот за културна деконтаминација Битола. Оваа организација е воедно носител на авторските права и правата на индустриска соопственост за оваа манифестација (ТМ 2010/883, 2010.926, TM337/2010, TM2010/926, TM2010/883). Фестивалот се одржува секоја година во средината на месец  Јули, во срцето на старата турска чаршија во Битола, поддржан од Општина Битола во рамките на Битолското културно лето „ Бит фест“.

Локум фест ги слави традициите на славното минато на градот Битола (Монастир) во времето на Отоманската Империја кога градот доживува најголем раст и важност и е познат и како Град на Конзулите, а старата турска чаршија важно место на случувања, средби и доживувања…

Мултикултурализмот и толеранцијата помеѓу различните етноси својствен за отоманскиот период е изразен и низ обичаите меѓу луѓето, особено оние помеѓу чаршискиот еснафлук . Како таков обичај симбол на отвореноста и мултикултурноста на чаршијата е и обичајот со локум и кафе да се почести комшијата и добронамерникот. Томку тој обичај го зедовме како синомин за „средба “ помеѓу различните култури и етноси…Обичај кој обединува и до денес.

Концепт на фестивалот
Фестивалот има автентичен концепт кој се содржи од:

  • Музички дел-чалгија, балканска музика и етно world music.
  • Изложување на ракотворби од Македонија , Балканот и светот (изработки инспирирани од народната традиција).
  • Изложба на стари предмети, фотографии, облека, намештај, преданија за периодот 19-20 век
  • Работилници за културно наследство.
  • Мал саем на бизниси(презентации на фирми и производи од Македонија и странство).

Целите на фестивалот се:

  • Заживување и заштита на старата битолска чаршија како културно – историски споменик од Османлискиот период со исклучително значење и дел од колективната меморија на многу генерации.
  • Промовирање на традиционалните градски вредности, низ музика, ракотворби, изложби, поезија и др.
  • Развој на културниот туризам и анимација на што поголем број посетители во старата битолска чаршија
  • Вмрежување со други градови со стари чаршии и Развој на традиционалните занаети и бизнис иницијативи.

Локум фест –музика и традиција е препознатлив по својата исклучителна музичка програма. На него настапиле најпознатите етно имиња од земјата и странство како: Монистра, Рудина, Стринг Форсис, Баклава, Ибрахим Џингис-Tрио, Чалгија Саунд Систем, Бјонко Копенхаген Чалгија, Вања Лазарова, Кинг Велинов и Оригинал Кочани Оркеста, Николај Трио-Бугарија, Распеани Крушевчани, Боеми, Јаков Дренковски, Massar Egbary band – Egypt, Љубојна, Ориент Експрес Чалгија, Тони Китановски и Черкези Оркестар, Дамарите чалгија оркестар, Kolektif Istanbul, Orthodox Celts, Ofir, Деспина, Starowski Band…

Прес клипинг 2014

http://www.independent.mk/articles/7613/Lokum+Fest+Bitola+Crowded+with+Expatriates

http://www.independent.mk/articles/7648/Lokum+Fest+Handcrafts+-+Magnet+for+Our+Fellow+Countrymen/a>

Прес клипинг 2013

http://www.sitel.com.mk/mk/lokum-fest-po-sedmi-pat

http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/1997-lokum-fest-po-sedmi-pat-vo-bitola

http://bi.mk/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC-%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0/

http://makfax.com.mk/314528/stara_bitola_na_bit_fest

http://www.plusinfo.mk/vest/99545/Bitolchani-utre-kje-go-izvadat-gradskoto-minato-od-fiokite

http://makfax.com.mk/314446/lokum_fest_na_bit_fest

http://cooltura.mk/?p=34322

Прес клипинг 2012

http://www.youtube.comwatch?v=leRYb1yaWp4

http://mmm.com.mkvestidomasni1lokumfest

http://cooltura.mk?p=11037

http://www.komunikacija.mklokumfest

http://www.makdenes.orgcontentarticle24650284.html

http://www.novamakedonija.com.mkNewsDetal.asp

http://www.vest.com.mkdefault.asp?ItemID=6395563A6F36BC

http://www.novamakedonija.com.mkNewsDetal.asp?vest=7211

http://www.vecer.com.mkdefault.asp?ItemID=CD271A0E652

http://www.vecer.com.mkdefault.asp?ItemID=3014BE011

http://www.utrinski.com.mk?ItemID=93BE916384EF604

gallery2

gallery2