Ве покануваме на дванаестото издание на Локум фест-музика и традиција , кое традиционално се одржува во старата битолска чаршија ( пред Бар Чаршија) , од 19-21 Јули 2018. Овогодинешното издание на фестивалот е поддржано од Министерство за култура на РМ. во проектите од национален интерес , Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ. како и Општина Битола во рамките на Битолското културно лето- БИТ ФЕСТ.
Фестивалот ја задржува досегашната динамика и ќе трае три денови. Секоја од фестивалските вечери има свој сензибилитет и вреди да се види.
Првата вечер ја започнуваме со македонски песни во староградски напев, изведувани од Пеачката вода „ Морски перли“, со ансамблот Македонка , од Варна, Р.Бугарија, за да продолжиме со македонско-турската тајфа Balkananatolia Ansambl…Крајот на првата вечер му го оставаме на новите звезди на македонската чалгиска музика „Чалгија Мерак“.
Втората вечер е резервирана за најпознатата македонска етно тајфа, „Баклава“ која ќе ни се претстави во чалгиско издание. После нив следуваат бисерите на овогодинешното издание на фестивалот словенечката група Еthnusiasm.
Третата вечер е посебно изненадување. Вевки чалгија трио составена од искусни чалгии че изведуваат турка чалгија, за да ја загреат атмосверата за нашите гости од Индија – Tapi Project.
Секако како и секоја година тука се нашите пријатели од ЗУР Македонски ракотоворби и нивните гости од земјата, засладено со локумите на DONIA. Годинава ни се приклучија и Организација на жени на Битола со изложбата „Битолската архитектура низ вез“ .
Посебна благодарност до ДОО SOCOTAB, нашите верни поддржувачи без кои фестивалот немаше да биде она што е денеска.
Благодарност и до „Бар чаршија“ за сета поддршка која ја дават.