Локум фест-музика и традиција 2024
Создаден во срцето на старата битолска чаршија во 2007 г., земајќи го обичајот со локум и кафе да се пречека комшијата и добронамерникот како лајт мотив за средба помеѓу луѓето, културите и нивните музики кои се испомешале во еден посебен конзулски амалгам, верно ја слави традицијата, културното наследство и чаршијата како дел од нашата колективна меморија, идентитет и иднина.
Фестивалот за изминатите 16 г. презентира преку 80 групи и ансамбли од преку 25 земји, а секако најдобрите етно музичари од Македонија. Само на Локум фест се слуша чалгија, фјужн, етно џез, world music и ладино..
Дамир Имамовиќ
18/07/2023
Галерија од претходните настани