Локум фест
музика и традиција
Локум фест - културен амалгам на Балканот.
Битола или Манастир е втор по големина и важност град во Отоманската империја кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Седиште на дури 11 европски конзулати, место на прогресивни идеи и историски настани. Старата чаршија влегува во 5 - от век на своето постоење и е централно место на социјалениот и економскиот живот. Мултикултурализмот и толеранцијата помеѓу различните етноси својствен за отоманскиот период е изразен и низ обичаите меѓу луѓето, особено оние помеѓу чаршискиот еснафлук. Сето тоа е преточено во еден автентичен културен амалгам, сепцифичен за Битола, изразен низ обичаи, а пред се преку музиката. Турка чалгија, ладино , песни и ора се слушале, пееле и играле во Битола, спојувајќи народи и култури.
Како таков обичај симбол на отвореноста и мултикултурноста на чаршијата е и обичајот со локум и кафе да се почести комшијата и добронамерникот. Томку тој обичај го зедовме како синомин за „средба “ помеѓу различните култури и етноси. Токму тоа „Локум фест-музика и традиција“ го слави како наше наследство и атракција.
Години
Групи
Држави
За Организаторот
Здружение за заштита и промоција на културното наследство и развој и културниот културниот туризам “ЛОКУМ ФЕСТ”
Мисија: Деконтаминација на општеството од негативните стереотипи и табуа преку културата и уметноста, промоција на позитивни европски вредности и трендови.